Фото: Images Money / Flickr (CC BY 2.0)

Новинар снимил обид за мито, полицијата уапси вработен во Основниот суд Гостивар

Според информациите, на 20 јануари 2026 година во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го уапсиле А.Ј. (49) од селото Присојница, Општина Маврово и Ростуше.

Вработен во Основниот суд во Гостивар е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, информираа од Министерство за внатрешни работи.

Според информациите, на 20 јануари 2026 година во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го уапсиле А.Ј. (49) од селото Присојница, Општина Маврово и Ростуше.

Приведувањето следувало по пријава од Н.А. од селото Калиште, Општина Врапчиште, кој навел дека осомничениот, како вработен во Основниот суд во Гостивар, преку заеднички пријател му понудил за паричен надомест од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и изречена забрана за управување со моторно возило во траење од шест месеци.

Како што е пријавено, А.Ј. тврдел дека предметната документација пристигнала кај него на извршување и дека може да „заврши работа“. По договор, Н.А. стапил во контакт со осомничениот и средбата била закажана во угостителски објект во Гостивар.

По нивната средба, пријавителот го информирал А.Ј. дека е новинар и дека разговорот се снима, по што осомничениот се обидел да се оправда дека се работи за шега и се обидел да побегне.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот