Новинар од 1ТВ се пријавил да даде исказ за „Рекет“

Eден новинар од 1 ТВ се пријавил да даде исказ кај Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, пренесува Телма.

Пред неколку дена вработените во оваа телевизија соопштија дека беше емитуван последниот дневник и тие беа испратени на принуден одмор до 15ти август.

Директорот на телевизијата, Бојан Јовановски е во притвор за случајот „Рекет“, заедно со второосомничениот Зоран Милески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот