Нови жаришта на коронавирусот во Хрватска: Во карантин 133 деца од градинка и нивните родители

Фото: МИА / илустрација

Кожул додаде дека нема потреба од карантин затоа што заразата избила во затворен објект, што значи дека контролата на самата зараза е полесна отколку да беше поинаку.

Деца од градинка во Ѓаково, во Хрватска завршија во самоизолација откако во тој град нагло се зголеми бројот на новозаболени од коронавирус.

Во карантин завршија 133 деца од градинка во која се појавил вирусот, а со нив во самоизолација се и родителите кои ќе ги чуваат.

И покрај ситуацијата, нема планови за воведување карантин во Ѓаково, потврди Карло Кежул, епидемиолог од Заводот за јавно здравје од Осјечко- барањската жупанија.

Кожул додаде дека нема потреба од карантин затоа што заразата избила во затворен објект, што значи дека контролата на самата зараза е полесна отколку да беше поинаку.

„Кафуле или диско клуг, каде огромен број на луѓе постојано се мешаат, се многу поинакви места“, рече Кожул.

На ковид-19 позитивни се и директорката на католичката детска градинка „Сончев сјај“ во Ѓаково Назарет Рахела Лацковиќ, покрај милосрдната сестра која работела во таа градинка.

На новинарско прашање што ќе биде ако заразата се прошири меѓу децата и родителите, Кожул одговори со контрапрашање:

„За колку случаи сте слушнале досега во светот короната да се шири меѓу деца и за колку тешки случаи сте слушнале меѓу млади луѓе?“

Во Ѓаково денеска се потврдени 38 новозаразени од коронавирус, а три жаришта, се манастирските конаци, семинаријата и надбискупијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот