Нови рекорди го крунисаа најстариот пливачки митинг во Македонија!

фото:фејсбук

15 години, најстар пливачки митинг во Македонија, како што и се најавуваше, тоа и се реализира од страна на Националната пливачка федерација. Успешно организиран како што и самиот го оцени претседателот на федерацијата, Александар Филипчев.

Во првиот дел од меѓународниот пливачки митинг „Немо Куп” на базенот Борис Трајковски во организација на ПК Делфин од Скопје, беа поставени пет нови државни рекорди на Македонија во повеќе категории и дисциплини.

фото:фејсбук

Членката на ПВК Орион, Миа Блажевска Еминова постави нов апсолутен, младински и кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри градно со време 34:43 секунди, додека во дисциплината 200м мешано постави нов кадетски рекорд на Македонија со време 2:21:16 мин.

Членот на ПК Вардар 2018 од Скопје, Никола Ѓуретановиќ постави нов рекорд за помлади пионери во дисциплината 200м мешано со време 2:32:94 мин.

Потоа, во вториот дел беа поставени три нови национални рекорди, повторно блесна Блажевска Еминова со нов кадетски и младински рекорд во дисциплината 100м грбно со време 1:03:60 мин.

Додека Ѓуретановиќ имаше нов рекорд на 400м слободно во категоријата помлади пионери со време 4:47:96 мин.

И во последниот трет дел, беа запишано уште два нови национални рекорди на Македонија, Блажевска Еминова со нов кадетски рекорд во дисциплината 200м грбно (2:22:33 мин.)

Членката на ПК Октопод од Скопје, Софија Дамјанова забележа нов рекорд во категоријата постари пионерки во дисциплината 50м делфин со време 30:62 секунди.

Сите официјални резултати од меѓународниот турнир „Немо куп 2019“ можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот