Нови откритија на полицијата во Њујорк: Босанец извикал „Алаху Акбар“ и избодел тројца полицајци (ВИДЕО)

Осомничениот Чамовиќ наводно нема досие, но единицата за истражување на тероризам претпоставува дека е поврзан со ИСИС или со друга терористичка група.

Откриени се нови детали од нападот во Бруклин во текот на кој еден Босанец со нож избоде полицајци и повреди тројца. Според зборовите на полицаецот, Џенан Чамовиќ викал „Алаху Акбар“ три пати за време на нападите, пренесува „Њујорк пост“.

Властите до сега не беа во состојба Чамовиќ (21) да го поврзат со било каква организирана терористичка група, но постојат индикации дека неговата наводна тактика и заседа се слични на терористичките напади изведени во Париз, рече Џон Милер, заменик комесар на единицата за борба против тероризмот на њујоршката полиција.

– Сите знаци се како од упатство за терористи – рече Милер на брифингот во седиштето на полицијата во Менхетн.

Во меѓувреме ФБИ го преиспитува случајот за да утврди дали треба да поднесе федерални обвиненија.

Членовите на семејството на Чамовиќ рекоа за Пост дека тој е побожен муслиман, но и дека е „апсолутно против терористи“.

Чамовиќ овој месец отворил Твитер профил и лајкувал 24 твитови на луѓе кои изразувале антиполициски ставови.

Чамовиќ, кој живее со семејството во Шипсхед беј, налетал на група полицајци и на еден му забил нож во врат нешто пред полноќ во средата вечер во авенијата Флетбуш, соопшти полицијата.

– Претходно оваа недела, еден од нашите службеници е избоден со нож во врат без предупредување додека ги штител Њујорчаните. Ова не била случајна средба – било тоа планиран обид за убиствот на полицаец од њујоршката полиција. Само чиста среќа го спаси за да нема драстично поинаков исход, наведе полицијата.

Осомничениот Чамовиќ наводно нема досие, но единицата за истражување на тероризам претпоставува дека е поврзан со ИСИС или со друга терористичка група.

Во судирот се повредени уште двајца полицајци, па сите тројца завршија во болница.

Чамовиќ, кој заедно со семејството емигрирал од Босна, тешко е повреден во судирот со полицијата и сега е во критична состојба. Полицијата допрва треба да го сослуша, зошто е интубиран во болница. Њујорк Пост наведува дека се очекува против него да бидат покренати три обвиненија за  за обид за убиство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот