Диди / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

ВИДЕО | Диди се соочува со нови обвиненија за сексуален напад

Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес соопшти дека истражува нови обвинувања за сексуално злоупотребување против раперот и продуцент Шон „Диди“ Комбс. Истражувањето е поведено откако полицијата во американската сојузна држава Флорида доставила извештај, каде што живее наводната жртва.

Портпаролот на полицијата во градот Ларго, Флорида, изјави за „Еј-би-си Њуз“ дека таа управа ѝ помогнала на шерифската служба во Лос Анџелес, но дека сама не спроведува независна истрага.

Извештајот на полицијата во Ларго наведува дека мажот, кој тврди дека бил сексуално злоупотребен од Комбс во 2020 година, поднел пријава во септември.

Името на жртвата е покриено во извештајот, но музичкиот продуцент Џонатан Хеј на социјалните мрежи објави дека тој е подносител на пријавата. Хеј исто така е еден од „John Doe“ тужителите во граѓанската тужба против Комбс поднесена во јули.

Хеј ѝ доставил на полицијата во Ларго фотографии и видеоматеријал кои, според неговите зборови, го докажуваат неговото работење со Си Џеј Волес на музички проект, што довело до средби со Диди и наводни инциденти.

Волес минатата недела поднел контратужба во Флорида, негирајќи „крајно лажни обвинувања“ на Хеј и нарекувајќи ги дел од „планирана кампања за дискредитирање“ со цел да се наруши неговиот приватен и професионален углед.

„Комбс категорички ги отфрла сите тврдења дека сексуално злоупотребил било кого. Со нетрпение очекуваме правдата да се задоволи на суд, каде ваквите случаи се решаваат врз основа на материјални докази, а не медиумски шпекулации и неосновани тврдења“, истакна неговиот адвокат Џонатан Дејвис.

Комбс, во јули, беше прогласен за виновен за два случаи на организирање проституција и моментално ја издржува казната од 50 месеци затвор, изречена во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот