Ентони Џошуа/EPA/Andrew Couldridge / POOL

Нови детали: Возачот со едно барање му го спасил животот на Џошуа во несреќата

Трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија двајца блиски пријатели на познатиот боксер Ентони Џошуа и натаму е во фокусот на светските медиуми, а во јавноста излегуваат нови информации за кобниот настан.

Како што пренесува „Дејли мејл“, Џошуа првично се наоѓал на совозачкото седиште, но по кратко време возачот Аденијени Кајоде побарал од него да се премести назад бидејќи му го попречувал видното поле.

По таа промена, Џошуа седнал на задното седиште, додека неговото место напред го зазел Латиф Ајоделе. Во несреќата, боксерот поминал со повреди, но за жал Ајоделе и Син Гами, кој седел на другото задно седиште, ги загубија животите.

Пред судот, Кајоде изјавил дека не се чувствува одговорен за трагедијата, посочувајќи дека несреќата се случила поради дефект на сопирачките непосредно пред ударот во камионот кој бил паркиран.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот