„Новавакс” во јануари ќе има вакцина против новиот сој омикрон

Новавакс / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Novavax Inc.” денеска соопшти дека во јануари 2022 година ќе може да почне со комерцијално производство на вакцината против Ковид-19, што ќе биде ефикасна против новиот сој на коронавирусот – омикрон, во време кога ги изведува тестирањата дали нејзината сегашна вакцина делува против оваа варијанта, пренесува Ројтерс.

Британските медиуми пренесуваат дека лабораториските податоци што се очекуваат во следните неколку недели ќе покажат дали антителата на лицата кои претходно ја примиле вакцината на „Новавакс” можат да ја неутрализираат новата варијанта, соопшти компанијата.

„Новавакс”, исто така, соопшти дека почнала и со развојот на антиген на шилестиот протеин, што е специфичен за омикрон, и дека за неколку недели ќе почне и со лабораториски тестови на новата вакцина на новиот сој на коронавирусот.

Другите производители на вакцини за коронавирус, Модерна и Фајзер, исто така, почнаа да работат на производство на вакцина против Ковид-19 што е ефикасна против омикорн варијантата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот