„Новак-експрес“: Ѓоковиќ лесно до четвртфиналето на Мастерс Синсинати (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Најдобриот тенисер на светот се пласираше во четвртфиналето на Мастерс Синсинати (САД). Новак Ѓоковиќ со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:4 го елиминираше Американецот Тенис Сандгрен за еден и пол час игра.

Првиот светски рекет покажа многу подобра игра во однос на дуелот со Беранкис, како „брз воз“ во првиот сет двапати беше подобар на сервис на играчот од Тенеси, а му дозволи една можност за брејк. После добиениот прв дел од мечот стана јасно кој е фаворитот.

Ѓоковиќ веднаш во вториот сет направи брејк. На Сандгрен не му помогна ниту тоа што водеше со 40:15. 55 играч на светот имаше убава можност да се врати во сетот, но во осмиот гем не искористи дури три брејк топки.

Ноле лесно го одведе мечот до крај. Можеше тоа да го направи на сервис на ривалот, но после маратонски гем Сандгрен остана во мечот. Но, не долго потоа мораше да се помири со поразот.

Во борбата за пласман во полуфиналето српскиот ас ќе се соочи против германскиот претставник Јан-Ленард Штруф кој претходно го совлада седмиот носител, Давид Гофан од Белгија (6:4, 3:6, 6:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот