Нова теорија на смртта на „кралот на рокенролот“: Елвис Присли не умрел од предозирање со дрога, го убила повреда стара 10 години

Фото: Профимедиа

Кога Елвис Присли беше пронајден мртов на подот од бањата во неговата куќа во Грејсленд, „летаа“ шпекулации за тоа што го уби. Легендарниот музичар Елвис Присли почина на 42 години, 16 август 1977 година во Тенеси, а истиот ден била извршена обдукција на неговото тело.

Неговото семејство веднаш го запечатило извештајот на 50 години, што предизвика многу шпекулации за тоа како починал, а сега е откриена уште една нова теорија, пишува британски „Мирор“.

Фото: Профимедиа

Ден Ворлик, главен истражител на државата Тенеси, присуствувал на обдукцијата и рекол дека Елвис починал додека се обидувал да оди во тоалет.

– Хроничната констипација (запек) на Присли била резултат на долгогодишната злоупотреба на лекови на рецепт, дебелина и висок холестерол, и тоа довело до т.н. „валсалва маневар“. Едноставно кажано, напорот при обид за дефекација ја притиснал стомачната аорта, затворајќи го неговото срце – изјавил Ворлик.

Фото: Профимедиа

Други тврделе дека починал од предозираност со дрога, но кога истрагата била повторно отворена во 1994 година, форензичарот Џозеф Дејвис не се согласил со тоа.

– Положбата на телото на Елвис Присли била таква што оддавала дека починал во моментот. Паднал напред на тепихот, на стомак и бил мртов додека паѓал на подот. Да станувало збор за предозираност со дрога, не би починал веднаш и би се одвлечкал до вратата, барајќи помош. Потребни се часови за да почине некој од дрога – рекол Дејвис.

Фото: Профимедиа

Резултатите од обдукцијата би требало да бидат отклучени во 2027 година, но дотогаш најголем увид во мистериозната смрт на Присли добил истакнатиот калифорниски лекар Форест Тенант. За Тенант, едно од главните навестувања за смртта на музичарот било пропаѓањето на неговото тело што започнало 10 години претходно.

Фото: Профимедиа

Елвис во минатото се жалел на вртоглавици, болки во грбот, несоница, очни инфекции и главоболки, а во 1973 година бил итно пренесен во болница во полукоматозна состојба, каде што било утврдено дека страда од жолтица, силно респираторно нарушување, изразен оток на лицето, отечен стомак, запек, чир на желудникот, крвавење и хепатитис.

Фото: Профимедиа

Форест верува дека сето тоа произлегло од сериозната повреда на главата со која Присли се здобил во 1967 година и која го покренала прогресивното автоимуно инфламаторно нарушување.

Фото: Профимедиа

Елвис се сопнал од телевизискиот кабел во една хотелска соба и удрил со глава во кадата, а повредата била толку тешка што предизвикала поместување на мозочното ткиво и негово продирање во циркулацијата на крвта. Таму телото ја идентификувало материјата како туѓа и произвело антитела за да ја уништи, предизвикувајќи хипогамаглобулинемија, нарушување на имунолошкиот систем на организмот. Тоа наводно предизвикало низа нарушувања во неговото тело, кои довеле до смртта на „кралот на рокенролот“.

Фото: Профимедиа

Неговата девојка Џинџер Алден го нашла телото на рокенрол ѕвездата со долниот дел на пижамата околу глуждовите, паднат напред додека седел на тоалетот. За вознемирувачката сцена, Џинџер, која тогаш имала само 21 година, во своите мемоари напишала: „Неговите раце беа испружени на подот, близу до бутовите, со дланките свртени нагоре. Беше јасно дека, од моментот кога паднал на подот, Елвис не се помрднал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот