Нова студија: Списокот на симптоми на долг ковид е намален, од 200 на само 12

Пар со заштитни маски ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/Sergio G. Canizares

По долго време обиди да се утврди што е тоа долг ковид, новата студија ја скрати листата на симптоми поврзани со оваа состојба. Порано повеќе од 200 симптоми се поврзуваа со долготраен ковид, а сега се дефинирани 12 од најчестите и најдолготрајните.

Американските истражувачи зеле податоци за пациенти од група од речиси 10.000 луѓе, од кои 8.646 претходно имале ковид-19 и контролна група од 1.118 субјекти кои немале ковид.

Истражувачите го испитале секое лице и направиле ажурирана листа на најчесто пријавени симптоми, проценувајќи колку тесно се поврзани со ковид.

Резултатите ги истакнаа 12-те најпродуктивни симптоми поврзани со долгиот ковид:

1. губење на мирисот/вкусот

2. слабост по напор

3. хронична кашлица

4. мозочна магла

5. жед

6. палпитации/забрзано чукање на срцето

7. болка во градите

8. замор

9. промени во сексуалната желба или способност

10. вртоглавица

11. гастроинтестинални симптоми

12. абнормални движења

Студијата има некои ограничувања, како и сите студии од овој тип. Податоците сами ги пријавиле субјектите, што остава простор за непрецизност, но резултатите се чини дека се во согласност со претходните вообичаени симптоми што ги пријавиле долгогодишни истражувачи на ковид, пишува „ИФЛ саенс“ (IFL Science). Студијата е објавена во списанието JAMA.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот