27.8 C
Скопје

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

На апликацијата „Телеграм“ повторно се појавила група во која луѓето од Балканот испраќаат интимни фотографии на девојки од Србија и околните земји. Досега во групата се споделени повеќе од 11.000 фотографии и снимки од девојки. 

Групата именувана како „Перверзии на Балканот“, која наводно е основана од помлада жена регистрирана како Кристина, брои 26.590 членови. Тое секојдневно си испраќаат порнографска содржина. Фотографиите и видеата што се испраќаат се различни, така што во групата има и симнати од порно страници, но и приватни интимни фотографии на девојки и жени од Балканот. На некои од нив има и имиња од девојките.

Меѓу нив била В.М. (25) од Нови Сад, на која познаник ѝ препратил дека видел нејзина фотографија во оваа група на „Телеграм“. Нејзиното селфи било меѓу многуте порнографски содржини, објави српскиот портал Нова.

Жррвата на оваа група  ја пронашла и личноста која ја објавила нејзината фотографија.

„Самата видов кој ја презел фотографијата, лицето во групата е потпишано како „Др Мр“, но не можам да го видам телефонскиот број или да дознаам за кого се работи“, раскаќа В.М.

Поради групата „Перверзии на Балканот“, оваа девојка одеднаш била малтретирана од машки лица на Инстаграм.

„Одеднаш ме заследоа и почнаа да ми пишуваат дваесетина момци. Ова траеше сè додека не дознав што се случува, ги блокирав и бидејќи ја контактирав таа група, мојата слика набргу беше отстранета. После тоа, веќе не бев вознемирувана“, вели соговорникот.

Како што додава таа, заради споменатата група, се обратила и до надлежните институции.

„Испратив е-пошта до одделот за високо-технолошки криминал при српското МВР, но сè уште не добив одговор“, вели девојката.

Се уште нема информации дали меѓу споделените слики и видеа во групата има и девојки од Македонија.

Извор: Нова.рс

Поврзани вести

Невреме во Русија: За шест часа паднал дожд како за месец дена- сѐ е под вода

Слободен печат

Намалено ДДВ за 30 отсто на пет грчки острови погодени од бегалските и мигрантските бранови

Слободен печат

„Астра-Зенека“: ЕУ го загуби правниот спор

Слободен печат

Полска ја обвини Русија за голем кибер напад врз Владата

Слободен печат

UN Women: Пандемијата посилно ги погоди работните места на жените

Слободен печат

Денеска се регистрирани 19 нови случаи, 2 лица починаа

Слободен печат

Остави Коментар