Мистерија околу исчезнувањето на малезискиот авион/Фото: EPA-EFE/NAZRI MOHAMAD

Нова потрага по малезискиот авион што исчезна во 2014 година

Компанијата за поморски истражувања „Оушн Инфинити“ ја продолжи потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ , кој исчезна во 2014 година додека летал од Куала Лумпур до Пекинг, објави малезискиот министер за транспорт Ентони Лок.

Министерот го поздрави „волонтеризмот на Оушн Инфинити, кој ги распоредува своите бродови“ за продолжување на потрагата по Боингот 777, кој исчезна од радарот на 8 март 2014 година, со 239 луѓе на него, меѓу кои 153 Кинези.

Лок не прецизираше кога почнаа истрагите, но додаде дека деталите за нивното времетраење се уште не се решени.

Малезиската влада на крајот на декември посочи дека одобрила започнување на нови истраги за лоцирање на авионот што мистериозно исчезна.

Покрај 153-те Кинези, во Боингот имало и околу 40 малезиски државјани и државјани на 13 други земји.

На 13 декември, владата „во принцип го прифати предлогот на Оушн Инфинити“ да продолжи истражувањето „во нова зона која се проценува на 15.000 квадратни километри во јужниот дел на Индискиот Океан“, забележа Лок.

-Малезиската влада нема да ѝ плати на компанијата доколку не го лоцира авионот, според условите од 18-месечниот договор – додаде тој.

И покрај потрагите по авионската трагедија, леталото не беше лоцирано.

Потрагата предводена од Австралија опфати површина од 120.000 квадратни километри во Индискиот Океан, но не беше пронајдена никаква трага од Боингот, освен некои остатоци што се измиле покрај брегот на Африка и на островите во Индискиот Океан.

-Оушн Инфинити „нѐ убеди дека се подготвени“. Затоа малезиската влада тргна по овој пат – рече Лок.

Куала Лумпур побара од оваа компанија во 2018 година – кога потрагите беа прекинати – да го бара авионот, но останаа без договор.

Со текот на времето се појавија различни теории за да го објаснат исчезнувањето на авионот. Еден од нив изјавил дека пилотот на леталото, тогаш 53-годишниот Захарие Ахмад Шах, намерно го урнал во океанот.

Извештајот објавен од Малезија во 2018 година се фокусираше на превидите на контролната кула и откри дека курсот на авионот бил рачно променет , но не дошол до конечен заклучок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот