Нова иницијатива до Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир ги бараат старите имиња на 36 улици

Општина Чаир
Совет на Општина Чаир/ Фото Општина Чаир

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир поднесе иницијатива до Град Скопје за враќање на старите имиња на 36 улици во оваа општина, кои беа сменети со одлука на Советот на Град Скопје, а на предлог на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, на седницата оддржана на 30 март 2021 година.

Без никаква консултација и согласност со граѓаните на општина Чаир, тогашното раководство на градот донело одлука да се преименуваат 36 улици помеѓу кои: Втора Македонска Бригада, Македонско Косовска Бригада, Лазар Трповски, Војдан Чернодрински, Христијан Тодоровски Карпош, Дижонска и други улици на нашата територија. До нас како советничка група, изминатиот период пристигнаа голем број на реакции од граѓаните што ги сметаме за целосно оправдани, бидејќи без дијалог и согласност од граѓаните не се донесуваат одлуки. Барањата на граѓаните се и наши барања,  информира на фејсбук, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Велковски.

Тој тврди дека во пресрет на тогашните локални избори, некој воден од лични и политички причини спровел нетранспарентен процес, кој оваа советничка група бара да биде поништен.

Иницијативата која е испратена до Градот од Општина Чаир, е уште една од неколкуте кои претходно се упатени од други скопски општини. Враќање на имињата на улиците побараа и од општините Гази Баба, Бутел и Чаир, а градоначалничката Данела Арсовска поднесе иницијатива и за целосно поништување на одлуката донесена во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот