Нов случај на силување во Гостивар — вработен во училиште силувал 14-годишно девојче и објавувал видеа
Вработен во основно училиште во Гостивар силувал 14-годишно девојче и снимал и објавувал експлицитни видеа од девојчето – Обвинителството во Гостивар отвори истрага против 28-годишниот осомничен, кој е од Скопје, и предложи да му се определи притвор.
Препорачано
Тој, според Обвинителството, го навел девојчето да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа го уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.
„Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде го силувал, со што извршил кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години.
-Месецов повторно се обидел да го уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години – соопшти Обвинителството.
Приведен гостиварец, се сомничи дека силувал малолетничка, па објавувал снимки на социјалните мрежи
Вчера Министерството за внатрешни работи објави сличен случај во Гостивар кога дваесет и деветгодишен жител на гостиварско Здуње е приведен од полицијата под сомнение дека силувал малолетничка во градот, а потоа објавил експлицитни фотографии и видеа на социјални мрежи. Случајот го пријавил таткото на девојчето.


