Нов скандал во „Лувр“: Уапсени 10 лица
Париската полиција разби организирана измама во музејот Лувр и уапси 10 лица, меѓу кои има вработени во музејот и туристички водичи. Тие се сомничат дека на кинески туристи им продавале лажни билети и организирале пренатрупани тури со водич.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според францускиот весник „Le Parisien“, осомничените биле приведени во вторникот, откако управата на Лувр пријавила „нерегуларности“.
Како што пренесуваа медиумите, полицијата запленила три возила, 130.000 евра во кеш, речиси 200.000 евра на банкарски сметки, како и повеќе сефови со големи суми пари.
Од управата на музејот соопштија дека веќе е воведен „структуриран анти-измамнички план“, кој вклучува мапирање на измамите, правни и технички мерки, засилени контроли и следење на резултатите.

Овој случај доаѓа по серија проблеми со кои се соочува Лувр во последно време. Дел од вработените штрајкуваа поради незадоволство од платите и условите за работа, што доведе до делумно затворање на музејот секоја недела.
Дополнително, музејот беше критикуван и поради зголемувањето на цените на билетите за посетители надвор од Европа – од 22 на 32 евра, како дел од националната политика на „диференцирани цени“, што ја применуваат и други културни институции во Франција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
50мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


