Нов рекорд на заразени во Британија, скратена изолацијата за вакцинираните

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Британската влада денеска соопшти дека ја скратува изолацијата на заразените луѓе од ковид кои биле претходно вакцинирани на една недела, на денот кога Британија забележа апсолутен рекорд од почетокот на пандемијата во бројот на новозаразени лица за 24 часа, пренесува Гардијан.

Од денес лицата со два негативни антиген теста по ред, шести и седми ден, можат да излезат од изолација.

Ова, тврди владата, ќе им овозможи на повеќе луѓе да го прослават Божиќ со своите семејства, без ризик од ширење на вирусот на други.

Повеќе од 100 нови случаи, повеќето од почетокот на пандемијата

Обединетото Кралство, една од најпогодените земји во Европа од ковид-19, со 147.000 смртни случаи, моментално се соочува со голем број инфекции на омикрон.

Денеска тие регистрираа 106.122 новозаразени, околу 15.000 повеќе од претходниот ден и најмногу од почетокот на пандемијата.

Британците купуваат лекови против ковид

Но, премиерот Борис Џонсон ја отфрли можноста за нови ограничувања во Англија пред Божиќ.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид во средата објави потпишување на два нови договори со фармацевтските компании „Мерк“ и „Фајзер“, од кои Обединетото Кралство купува 1,75 милиони и 2,5 милиони дополнителни таблети против ковид-19, имено молнупиравир и ритонавир.

Антивирусните лекови делуваат на тој начин што ја намалуваат способноста на вирусот да се репродуцира, со што ја спречуваат болеста.

Терапиите со таблети можат да се вршат дома и се ново суштинско оружје во борбата против болестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот