Нов пораз за најдобрите македонски фудбалерки во Лигата на нации

фото: ФФМ

Најдобрата македонска женска фудбалска репрезентација го претрпе и вториот пораз во Лигата „Ц“ од Лигата на нации.

Денеска во Скопје на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“, фудбалерките предводени од селекторот Кирил Изов загубија од Косово со 0:2.

Противникот своите два гола ги реализираше во текот на првото полувреме, за водство се погрижи Лимани во 20 минута, а позитивата во 41 минута ја зголеми Халилај.

И покрај неколкуте добри можности за погодок, особено во второто полувреме, нашите фудбалерки не успеаја да ја затресат мрежата на ривалот.

Во групата „5“ Косово и Бугарија имаат по четири бодови, последна е Македонија (0).

Во следниот меч македонската селекција повторно ќе игра против Косово овојпат на 31 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот