Нов лига систем во македонското олимписко таеквондо
На вчерашното годишно собрание на Македонската Таеквондо Федерација (МТФ), беше донесена одлука воспоставување на нов лига систем на домашни натпревари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лигата ќе биде организирана врз основа на шест домашни турнири организирани од клубовите членки на МТФ, заедно со федерацијата.
Секоја година од како ќе заврши домашната натпреварувачка сезоната, МТФ ќе ги одбира најдобрите согласно донесен правилник од страна собранието.
МТФ усвои годишна програма за работа со која ќе се обиде повторно биде најуспешна федерација во државата.
– ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКОТО ТАЕКВОНДО ЗА 2024 ГОДИНА
Најдобар клуб- ТК Бутел
Најдобар тренер – Викторија Спасовска
Најдобар сениор – Дејан Георгиевски (ТК Бутел)
Најдобра сениорка – Милијана Релиќ (ТК Тигри)
Најдобар јуниор – Филип Блажевски (ТК Бутел)
Најдобра јуниорка – Душица Бресалиева (ТК Штип)
Најдобар кадет – Теодор Стојановски (ТК Бутел)
Најдобра кадетка – Ведрана Тунески (ТК Бутел)
На официјалниот државен избор, МТФ беше најуспешна спортска федерација во државата за 2024 година. Истото признание МТФ го имаше и во 2021 година.


