Нов договор за Умтити, сега може да биде регистриран Торес

фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Францускиот дефанзивец Самуел Умтити го продолжи договорот со Барселона, која сега може да го регистрира најновото засилување Феран Торес.

Според новиот договор, Умтити ќе остане во Барселона до 30 јуни 2026 година, а одлучил да се откаже од дел од платата за Каталонците за да можат да го регистрираат Феран Торес.

Според новиот договор, Умтити нема да заработува ниту едно евро повеќе, туку се откажа од платата што би му стасала според претходниот договор, кој траеше до летото 2023 година.

Информацијата дојде практично како „гром од ведро небо“ бидејќи долго време се зборуваше за негово заминување од „Камп Ноу“, но тој одлучи да остане.

Каталонците јавно му изразија благодарност на Французинот за тоа што го направи при потпишувањето на новиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот