Носителите на оваа крвна група се најздрави, дали сте и вие меѓу нив?

Фото: Alamy/Profimedia

Сѐ повеќе сознанија укажуваат на тоа дека крвната група навистина има големо влијание врз целокупното здравје, а еве што велат најновите информации.

Отпорноста на организмот на бактерии, инфекции и разни болести ја одредуваат многу фактори, вклучувајќи ја и крвната група. Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се изборат со нападите на својот организам, а во таа смисла најдобро поминале носителите на крвната група нулта.

Имено, долгорочните студии покажале дека крвната група нулта е најсилна меѓу сите видови крвни групи. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања, како и мозочни и срцеви удари, ретко страдаат од болести поврзани со меморијата, а докажано е дека во најмала мерка можат да заболат од и рак на желудникот и на панкреасот. Поради отпорноста на организмот на болести, луѓето кои имаат крвна група нулта, во споредба со другите луѓе живеат подолго.

Студијата исто така покажала дека носителите на крвната група нулта живеат во просек подолго од сите други носители на крвни групи, па логичниот заклучок е дека за тоа е одговорен нивниот отпор кон бројни болести и медицински состојби.

А, зошто е тоа така? Една од најважните причини е фактот што крвната група нулта содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочниот и срцевиот удар се предизвикани од лошата коагулација на крвта. Работите кои се добри за срцето се исто така добри и за мозокот, бидејќи бројни ризични фактори кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести се слични на ризиците од развој на ментални болести.

Што се однесува до прашањето која крвна група е „најслаба“, тоа е тешко дефинитивно да се одреди, иако експертите велат дека станува збор за групата А, бидејќи носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија.

Според тоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од другите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот