Ноќното потење симптом на новата варијанта на омикрон

Фото: Профимедиа

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „растот на варијантите БA.4 и БA.5 на омикронот сугерира дека тие ќе станат доминантни“ и дека веројатно ќе резултира со пораст на нови случаи.

Бројките на заразени со коронавирусот расте насекаде низ светот, а во последните денови и Македонија бележи трицифрена бројка на заразени со ковид-19 на дневно ниво.

И покрај водечките соеви на коронавирусот, кои се карактеризираат со симптоми како зголемена телесна температура, главоболка, малаксаност, болки во мускулите и течење на носот, лекарите предупредуваат дека новата подваријанта удира и на стомакот.

„Кај две третини од пациентите со коронавирус може да се појави гадење и повраќање. Приближно 40 отсто од пациентите со ковид ќе имаат губење на апетит, а до 50 отсто ќе имаат дијареја, болките во стомакот се поретки, а се појавуваат кај помалку од 10 отсто“, се наведува во студијата.

Во некои земји е регистрирана варијантата БА.5 на ковид-19, која досега се смета за најзаразна, а експертите предупредуваат на еден необичен симптом што го предизвикува, а кој се појавува навечер.

Професорот Лук О’Нил предупреди дека оваа варијанта на коронавирусот „прави хаос“ ширум светот, а всушност, станува збор за подваријанта на омикрон.

„Еден дополнителен симптом којшто го предизвикува варијантата БА.5 е ноќното потење. Болеста сега е малку поинаква бидејќи вирусот се промени. Постои одреден имунитет, важни се Т-клетките, а мешавината на имунолошкиот систем и тие мали разлики во вирусот може да даде и малку поинаква болест, со ноќно потење“, вели професорот О’Нил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот