Кристи Ноем, секретар за внатрешна безбедност на САД/Фото: EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Ноем вети дека сите федерални агенти сега ќе носат камери по смртните случаи во Минеаполис

Сите федерални агенти кои се под Министерството за внатрешна безбедност наскоро ќе бидат опремени со „боди камери“, прво во Минеаполис, а потоа и низ остатокот од САД, објави вчера министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, потег што исполнува едно од барањата на демократите за ставање крај на делумната фискална парализа на федералната влада, пренесува Њујорк тајмс.

По смртта на втор демонстрант против масовните апсења на имигранти во Минеаполис од страна на федералните агенти, САД минатата недела влегоа во состојба на фискална парализа, а демократите во Конгресот бараа реформи во начинот на кој работат агенциите за спроведување на законот со цел да го одобрат буџетот на одделот.

Меѓу другото, тие бараат федералните службеници да носат камери на телото кога се на должност, да им се забрани покривање на лицата и да имаат налог пред да биде уапсен кој било имигрант.

„Тукушто разговарав со Том Хоман и раководителите на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) и Граничната патрола (ЦБП)“, рече секретарката Ноем преку Икс, додека Хоман, избраниот „цар на границите“ задолжен за надгледување на политиката на масовни депортации на имигранти, беше испратен од претседателот Доналд Трамп во американската северна метропола како дел од напорите за враќање на редот и мирот.

„Веднаш дистрибуираме боди камери до сите агенти на терен во Минеаполис. Откако ќе бидат достапни средства, програмата за боди камери ќе се прошири низ целата земја“, напиша министерката, уверувајќи дека програмата ќе се спроведе „брзо“ во остатокот од земјата.

Опишувајќи ја сегашната влада како „најтранспарентна“ во американската „историја“, таа не пропушти да му се „заблагодари“ на претседателот Трамп.

Минеаполис е сè уште во шок по смртта на медицинската сестра Алекс Прити на 24 јануари, неколку недели по смртта на Рене Гуд на 7 јануари, од куршуми од федерални полицајци.

Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот