Њујорк Тајмс: Русите запленија американски оклопни возила во текот на упадот на партизаните

Објавените фотографии и видео-записи сугерираат дека проукраинските борци користеле најмалку три оклопни возила од американско производство во текот на упадот во Русија, пишува Њујорк Тајмс.

Нејасно е како проукраинските единици кои се состојат главно од Руси ориентирани против Путин дошле до овие возила.

Се работи за возила познати како MRAP и кои се отпорни на мини и служат за заштита од заседи. Њујорк Тајмс наведува дека додатните визуелни докази сугерираат на тоа дека руските сили заплениле најмалку две возила. Проруските Телеграм канали, неколку часови по упадот на партизаните почнаа да ги објавуваат фотографиите од тие возила. MRAP возилата се направени за американските сили во Ирак и Авганистан, а САД испорачаа неколку стотици такви возила за украинската војска.

Извор: Индекс.хр

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот