Кристијано Роналдо / Фото: EPA-EFE/STR

Ни Роналдо не може да прави што сака, лигата на Саудиска Арабија му одговори

Саудиската фудбалска лига се огласи и го предупреди Кристијано Роналдо, дека ниту еден поединец, без разлика колку е важен, не носи одлуки надвор од рамките на својот клуб.

Роналдо го бојкотираше натпреварот на својот тим против Ал Ријад и остана надвор од составот, а причина како што се наведува во медиумитте е односот на Јавниот инвестициски фонд (ПИФ) за кој Португалецот смета дека го остава неговиот клуб во втор план.

Извор на „Би-би-си“ додаде дека главната причина за фрустрацијата на Роналдо бил трансферот на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Карим Бензема, во ривалскиот Ал Хилал, Французинот вчера за лидерот во лигата дебитираше со хет-трик.

Ќе потсетиме, најуспешните саудиски клубови, Ал Наср и Ал Хилал, се под раководство на ПИФ, кој воедно е и сопственик на премиерлигашот Њукасл.

„Саудиската лига е структурирана врз едноставен принцип: секој клуб функционира независно под исти правила. Клубовите имаат свои управи, свои извршни директори и свое фудбалско раководство. Одлуките за засилувања, трошење и стратегија ги носат самите клубови, во рамките на финансиски модел осмислен да обезбеди одржливост и натпреварувачка рамнотежа, кој подеднакво важи за целата лига. Кристијано од своето доаѓање е целосно посветен на Ал Наср и одигра важна улога во растот и амбициите на клубот. Како и секој голем фудбалер, тој сака да победува. Но ниту еден поединец, без разлика колку е значаен, не носи одлуки надвор од својот клуб.

Неодамнешните трансфер-активности јасно ја покажуваат таа независност. Еден клуб се засили на еден начин, друг избра поинаков пристап. Тоа се клупски одлуки, донесени во рамките на одобрените финансиски параметри“, стои во соопштението од саудиската лига.

Во првенството, Ал Хилал е непоразен и води на табелата со 50 бодови по 20 одиграни натпревари, додека Ал Наср има четири бодови помалку и натпревар помалку, и е на третото место.

Драма во Саудиска Арабија: Роналдо одбил да игра за Ал-Наср

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот