Ниту Лаутаро, ниту Вајналдум: Барса со големо засилување до крајот на неделава!

фото: твитер

Шпанскиот вицешампион наскоро се очекува да го промовира најдобриот фудбалер од Лион, Мемфис Депај (26), информираат холандските медиуми.

Овој играч влезе во последната година од договорот со полуфиналистот во Лигата на шампионите од минатата сезона и веќе ги договори личните услови за трансфер на „Камп Ноу“.

Се очекува трансферот на Депај да биде во вредност од 30 милиони евра со договор на четири години во дресот на Барселона.

Претходно со каталонската екипа се поврзуваа уште две имиња, Лаутаро Мартинез од Интер и Џорџино Вајналдум од Ливерпул.

Холанѓанецот Депај за Лион досега имаше 46 голови во 104 одиграни натпревари. Претходно во кариерата беше дел и од Манчестер јунајтед и ПСВ Ајндховен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот