Бруцоши на УКИМ / Фото: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

Ниту еден македонски универзитет не се најде на листата Глобал 2000

Центарот ги оценува универзитетите врз основа на четири критериуми, без да се потпира на анкети или податоци обезбедени од самите универзитети: квалитет на образование (25 проценти), вработливост на дипломираните студенти (25 проценти), квалитет на наставниот кадар (10 проценти) и истражувачка работа (40 проценти).

Ниту еден од македонските универзитети не се најде меѓу 2000 најдобри универзитети во светот, покажува листата Глобал 2000 објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети.

Најдобро пласиран во регионот е Универзитетот во Белград – на 393 место, Универзитетот во Љубљана е на 444, а во Загреб на 522. место.

Уште три универзитети од Србија се на листата Глобал 2000 – Универзитетот во Нови Сад е рангиран на 1.136-то место, Универзитетот во Крагуевац на 1.549-то место, а Универзитетот во Ниш на 1.886-то место меѓу најуспешните во светот.

Од Хрватска, покрај загрпскиот на листата се уште и Универзитетот во Сплит (953) и Универзитетот во Риека (1.658).

Од Словенија на листата е и Универзитетот во Марибор – на 1.293. место.

Топ 10 рангирани универзитети во светот оваа година се: Харвард, МИТ, Стенфорд, Кембриџ, Оксфорд, Принстон, Универзитетот во Пенсилванија, Колумбија, Јеил и Универзитетот во Чикаго.

Центарот ги оценува универзитетите врз основа на четири критериуми, без да се потпира на анкети или податоци обезбедени од самите универзитети: квалитет на образование (25 проценти), вработливост на дипломираните студенти (25 проценти), квалитет на наставниот кадар (10 проценти) и истражувачка работа (40 проценти).

Совет за етика против плагијати, но и да се спречи непотизмот и сексуалното вознемирување на универзитетите, предлага ФОП

За рангирањето оваа година, анализирани се 81 милион податоци врз основа на конкретни резултати.

Соединетите Американски Држави имаат осум претставници меѓу првите 10 универзитети во светот и со 313 институции, се рангираат на второ место по број на универзитети во првите 2.000, зад Кина. Харвард, Стенфорд и МИТ се меѓу најцитираните универзитети во светот, додека сите универзитети од Ајви лигата се претставени во првите 75.

Кина сега има 360 универзитети во првите 2.000, а сите членки на Ц9 Лигата бележат напредок од година во година.

Јапонија има 102 универзитети на листата, предводени од Универзитетот во Токио на 13-то место.

Обединетото Кралство има 89 институции во првите 2.000. Кембриџ е најдобро рангиран јавен универзитет во светот тринаесетта година по ред.

Франција има 71 претставник, а најдобро рангираната институција е Универзитетот ПСЛ на 20-то место.

Русија, предводена од Московскиот државен универзитет на 264-то место, има 42 универзитети во првите 2.000.

Квалитетот на образованието, вработеноста на поранешните студенти, квалитетот на факултетот и истражувачките перформанси се клучни елементи врз основа на кои е направено рангирањето.

Помалку автономија, повеќе непотизам – академската заедница го критикува предлог-законот за високо образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот