Ништо од чистиот воздух: Оџакот на студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу ги „отру“ скопјани

Фото: О2 Иницијатива

Граѓанската О2 Иницијатива објави фотографија која се рашири на социјалните мрежи, каде може да се забележи густ чад од оџакот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.

По силните реакции и на граѓаните и на организациите кои се борат против загадувањето, O2 Иницијативата потсети дека властите не го исполниле ветувањето дека студентскиот дом од мазут ќе се префрли на централно греење.

„Само да се потсетиме дека префрлањето од мазут на централно греење на студентскиот дом Кузман беше ветено како ПРВА активност која ќе се реализира во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019, од План за чист воздух. Еве го резултатот.

Незгодно барем малце да им паднеше на толку ветувања, фанфари, да не спроведеш до волку, па уште да си ветил како прва активност за годината, која еве завршува. Да се повлечеше некој од функција, да кажеше, јас сум одговорен за ова и се повлекувам. Не. Ништо. Само бла, бла, бла. Из шупљег у празно“, напишаа од О2 Иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот