Ништо од борбата со Џошуа, Вајт падна на допинг тест

Фот: EPA-EFE/NEIL HALL

Најавената голема борба помеѓу британските боксери во тешка категорија, Ентони Џошуа и Дилијан Вајт е откажана објави промотерот на настанот на Еди Хирн.

Планирано беше британските боксери да ги вкрстет ракавиците на 12. август во Лондон, но Хирн соопшти дека го контактирале претставниците на антидопинг агенцијата и му соопштиле дека резултатот на Вајт бил позитивен. Резултатите од тестот се проследени до Британскиот боксерски совет.

За 36-годишниот Вајт ова не е прв ваков случај, поради недозволени супстанци беше суспендиран од 2012. до 2014. година.

Истрагата за случајот наскоро би требало да започне. Вајт во неговата последна борба во ноември 2022 година го победи Американецот, Џермејн Франклин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот