„Нисан“ со историски најголема загуба откако постои

Вториот по големина производител на автомобили во Јапонија предвидува дека загубата во работењето ќе достигне 4,5 милијарди американски долари.

„Нисан мотор” денеска процени дека ќе забележи најголемата годишна деловна загуба во својата историја и дека продажбата на возилата ќе падне за 16 проценти, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот ги спречува напорите да се направи пресврт во бизнисот.

Вториот по големина производител на автомобили во Јапонија предвидува дека загубата во работењето ќе достигне 470 милијарди јени (4,5 милијарди американски долари), што е значително над проценката на аналитичарите анкетирани од компанијата „Рефинитив”, кои предвидуваа загуба од 262,8 милијарди јени.

Ова е втора година по ред со негативен финансиски резултат за Нисан.

Компанијата соопшти дека предвидува пад на приходите од 20 проценти, на 7,8 трилиони јени.

Глобалната продажба на возила „Нисан” падна за 48 проценти, на 643.000 единици, во кварталот кој заврши во јуни, при што продажбата во Северна Америка, главниот пазар на јапонската компанија, е преполовена, додека продажбата во Кина падна за 40 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот