Николовски: Усогласувањето на пензиите со растот на платите е подобро решение отколку линеарното зголемување

Илија Николовски-партија на пензионери / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Пресметката базирана врз инфлацијата и растот на платите е најадекватна мерка за усогласување на пензиите, вели за 24инфо.мк претседателот на Партијата на пензионерите Илија Николовски кој директно беше вклучен во изработка на новата методологија за усогласување на пензиите.

Николовски го поздравува и пакетот антикризни мерки со кои неизбежно се опфатени и пензионерите.

– Поимот покачување не постои во пензискиот систем, туку усогласување на пензиите. Ние како партија сме задоволни од усогласувањето. Единствено што мислиме дека треба дополнително да се изврши е повремено ревидирање на пензиите – вели Николовски.

Тој појаснува дека тоа подразбира повремено да се врши нивелирање на пензиите, кога ќе се добие голем јаз, односно дисбаланс помеѓу најниската и највисоката пензија.

– Се боревме да се врати повторно членот 37, во кој услогласувањето на пензиите е врз основа на инфлацијата и растот на платите, и тоа е најадекватна мерка за усогласување на пензиите. Линеарното покачување не смее да биде пример за усогласување на пензиите, затоа што секој треба да добива онолку колку што работел, по заслуги, образование и стаж – истакнува Николовски.

Николовски посочува и дека ние како држава сме единствени во регионот со најмногу субвенции, како и единствени кои имааат социјална пензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот