Николовски и Ристески најдобри на меѓународниот шаховски турнир во Аранѓеловац

шах николовски ристески
Никола Николовски го освои првото, а Емил Ристески второто место на шаховскиот турнир во Аранѓеловац/Фото: facebook

Во Аранѓеловац заврши меѓународниот шаховски турнир „ИМ АСК 3“ на кој учествуваа натпреварувачи од Русија, Индија, Турција, Македонија и домаќинот Србија.

Целиот турнир помина со целосна доминација на македонските млади шахисти, Никола Николовски и Емил Ристески кои го завршија настапот без ниту еден пораз. Сите резултати на нашите двајца шаховски на овој турнир можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Интернационалниот мајстор Николовски со 7,5 поени на крајот беше прогласен за победник на турнирот, а со тоа и сопственик на победничкиот пехар.

Во последното денешно коло противникот на Николовски, ГМ Дејан Пикула од Србија од непознати причини не се појави во шаховската сала.

Но, без разлика на овој поен со контумација (казна од судијата за играчот за прекршување на ФИДЕ правилникот), нашиот шахист заслужено е краен победник бидејќи во текот на целиот турнир играше во голема форма чувајќи ја цврство водечката позиција сè до крајот.

Веднаш зад него со пола поен помалку турнир го заврши ФИДЕ мајсторот, најмладиот член на шаховската репрезентација на Македонија, Емил Ристески.

Конечната табела на меѓународниот шаховски турнир во Аранѓеловац/Фото: Принтскрин/chess-results.com/

Ристески во последното коло го победи Русинот Константин Андреев (1-0), освојувајќи го второто место. А воедно што исто така е најважно, со освоените седум поени ја исполно нормалата за првиот „бал“ за ИМ.

Се упатуваат честитки и за двајцата наши млади репрезентативци за овие успеси и им се посакува уште многу вакви резултати во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот