Николов планира трансфер во Џенова!?

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

25-годишниот фудбалер од средниот ред двапати ја одби Романија пред да одлучи да го облече дресот на најдобрата македонска репрезентација.

Како што и беше најавено, следен гостин во „Нестор ТВ“, што ја води македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на својот Инстаграм, беше неговиот соиграч од националната селекција Бобан Николов.

25-годишниот фудбалер од средниот ред кој моментно ги брани боите на Фехервар од Унгарија разговараше на различни теми со Несторовски.

Воедно откри дека двапати ја одби Романија пред да одлучи да го облече дресот на најдобрата македонска репрезентација.

Беше дел од академијата на Хаџи, својата професионална кариера ја започна во романскиот клуб Вииторул, па од 2015-2017 година настапуваше за Вардар со кој играше во групна фаза на Лига Европа.

Воедно откри дека би можел да се пресели во редовите на Џенова каде што моментно член е нашиот репрезентативен напаѓач Горан Пандев.

Чекам Пандев да заврши работа за Џенова. Нема кој да му асистира – се зборовите на Николов на „Нестор ТВ“.

Исто така додаде дека го учи и италијанскиот јазик. Со екипата на Фехервар има договор до 30 јуни 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот