Нестор ТВ на Инстаграм: Вечерва на Илија Несторовски му гостува Бобан Николов!

Фото: Инстаграм

Фудбалерот на Удинезе и А – репрезентацијата на Македонија, Илија Несторовски веќе неколку недели е атракција на Инстаграм со неговите вкучувања во живо.

Имено, за тие што не знаат, Несторовски скоро секојдневно на „лајв“ на Инстаграм вклучува гости со кои разговараат на најразлични теми.

Прв гостин во „Нестор Тв“ како што се нарекува оваа карантинска телевизија беше популарниот Панчо од ДНК,  потоа Горан Пандев, Стефан Ристовски, Крсте Велковски, Енис Барди, Александар Трајковски, Езџијан Алиоски, поп-ѕвездата Влатко Лозаноски, голманот Дино Захов и уште многу други.

А, вечерва (сабота) со почеток во 21:30 часот гостин во „Нестор Тв“ ќе биде и Бобан Николов. Покрај темите за фудбалот,  двајцата играчи ќе разговараат и на многу други теми…

Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот