Николоски: Очекувам да се потпишат над 150.000 граѓани против законот за попис

Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното издание на „Што не е јасно” во ТВ Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека очекува да се потпишат над 150.000 граѓани против законот за попис, што според него ќе претставува вовед во рушење на оваа власт, како и предложување на нов закон за потребниот попис кој ќе биде реален и во интерес на граѓаните.

– Ние бевме доведени до ситуација или да не му дадеме на македонскиот народ и оние коишто живеат во Македонија да се потпишат против овој закон за попис и на тој начин да изразат јасна волја или пак тоа да го направиме на овој начин, затоа што Талат Џафери реши да не ја прифати нашата иницијатива и затоа што со сила нè натера да ја прифатиме Република „Северна” Македонија како име на оваа држава, што ние не сакаме да го прифатиме. Можевме да водиме или инает со Талат Џафери и да не дозволиме да се попишуваат луѓето или второто е да ја прифатиме Република „Северна” Македонија како официјално име на оваа држава што нема да го направиме никогаш, објасни Николоски.

Тој вели дека заради тие причини се одлучило да има иницијатива за граѓаните да се потпишат во 27 македонски градови и села, а по тоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат законот, затоа што силата дали ќе го поднесат законот 10.000 граѓани или пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од формален аспект е иста, но не е исто колку граѓани ќе застанат зад таа иницијатива.

– Јас сум убеден дека до завршување на овој процес, бројката ќе оди над првично планираните 100.000 потписи. Тоа и беше наша таргет цел, но јас мислам дека ќе оди на многу повеќе.  Очекувам над 150.000 граѓани да се потпишат против законот за попис, што мислам дека ќе е вовед во рушење на Владата, затоа што не е сеедно ако пратениците од власта видат дека над 150.000 граѓани се потпишале за овој закон, ќе гласаат против овој закон и ќе ја сменат страната во Собранието, појасни Николоски.

Николоски се надева дека акцијата со потписите ќе заврши до 1 април за да може да се спречи отпочнувањео на пописот, како и предложување на закон за попис кој ќе биде реален затоа што истиот ни е многу потребен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот