Николина Пишек конечно ги коментираше шпекулациите за смртта на нејзиниот сопруг: Еве што рече…

Фото: Инстаграм

Хрватската водителка Николина Пишек се огласи откако нејзиниот свекор Виктор Ристовиќ (попознат како Миша Гроф) проговори за причините за смртта на неговиот син Видое.

Николина минатиот месец го загуби сопругот Видое Ристовиќ, кој почина на 44-годишна возраст. Бидејќи последните недели се појавија многу шпекулации за неговата смрт, Николина конечно проговори на оваа тема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

– На прашањето како сум деновиве, не сакам да давам одговор. Ги има уште, но тоа е првото. На почетокот, да ви кажам, не сакам да давам изјави за сите овие глупости што се појавува во медиумите. Што и да изјавам, тоа оди во сто правци и секогаш излегува лошо – изјавила Николина за српските медиуми.

Миша Гроф изјави дека имал одлични односи со снаата.

– Имам одличен однос со Николина. Не ме посетува, зошто да ме посетува, таа замина од Белград со детето затоа што детето мора да оди на училиште. Едната внука е мала, постарата тешко ја поднесува загубата на татко ѝ – изјавил скршениот Миша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Потсетуваме, српските медиуми објавија дека Видое Ристовиќ починал на маса за масажа. Миша Гроф рече дека верува дека масерката на Видое, Даниела Бојиќ, ја знае вистинската причина за неговата смрт, но дека се плаши да зборува за тоа. Виктор вели дека најмногу е изненаден што не повикала брза помош веднаш кога сфатила дека неговиот син е мртов.

Николина Пишек се збогува од сопругот: Прости ми, патувај и не се грижи

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот