Николина Пишек се збогува од сопругот: Прости ми, патувај и не се грижи

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Николина Ристовиќ преку Инстаграм се прости од сопругот Видое Ристовиќ, кој ненадејно почина минатиот викенд.

„Сакаме вака да те паметиме. Насмеан, ведар, во бои, под сонцето. Со сите нас… Само да имаше уште вакви моменти… Да не трчаме по уште една обврска, за уште некоја прилика, чекајки уште нешто да се среди за да можеме сите заедно да бидеме вака среќни. Некои средби никогаш нема да се случат. Но и вака сум богата – и сите ние заедно – богата поради сите непроценливи моменти со тебе кои би можеле да исполнат дури три животи. И ти благодарам на секој од нив. Прости ми и фала ти и за секоја тага – и тие не изградија. Ти благодарам и на љубовта. Благодарам и за Уна. Ќе живееш во секој од нас, додека дишеме. И ќе те гледаме во твојата Уна и твојата Матеа и знај дека сме со тебе додека тие растат гордеејќи се на тебе. Ти си наш засекогаш. Патувај и не се грижи “, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Погребот на Видое Ристовиќ ќе биде одржан на 12 мај.

„Последен поздрав за нашиот Видое, нека те чуваат ангелите“, стои во соопштението на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот