Никол Кидман ја презема контролата: Дали Кит Урбан ќе остане надвор од Мет Гала 2026?
Како ново клучно лице на претстојната Мет Гала 2026, Никол Кидман би можела да има влијание врз списокот на гости – што потенцијално би ја спасило од непријатна средба со нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан, со кого медиумите последниве месеци ги поврзуваат со наводен развод.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мет Гала 2026, која ќе се одржи во њујоршкиот Метрополитен музеј, повторно ќе блесне во полн сјај, следејќи ја темата на пролетната изложба на Институтот за костимографија – „Уметноста на костимот“. Како и секоја година, зад шоуто стои Ана Винтур, а овој пат ѝ се придружуваат три влијателни жени од светот на забавата, спортот и стилот: Бијонсе, Никол Кидман и Венус Вилијамс.
Холивудската икона Никол Кидман добива една од клучните улоги во организацијата на Мет Гала 2026, уште еднаш потврдувајќи го својот статус на модна легенда. Заедно со Ентони Вакарело и Зои Кравиц, кои ќе бидат копретседатели на Одборот на домаќини, се очекува да донесат доза софистицираност и класична холивудска елеганција.
Но, покрај целиот тој гламур, се појавува и едно интригантно прашање кое ги интересира фановите: дали Никол ќе може да влијае врз листата на гости и да избегне потенцијално непријатна средба со својот, сè уште законски, сопруг Кит Урбан?
Во последно време медиумите постојано пишуваат за наводно заладениот однос меѓу двојката. Близок извор тврди дека до проблеми дошло поради непомирливи разлики и различни животни патишта, иако истата личност наведува дека Никол никогаш не посакувала развод.


