Никој не знае каде е „најтажната принцеза на светот“: Принцот Алберт ја сместил во установа на тајно место

принцеза шарлин
Фото: Profimedia

Се шпекулира дека принцезата Шарлин повеќе не е во Монако, иако штотуку се вратила од Африка каде била цели 10 месеци, поради инфекција на синусите и компликациите настанати како последица на операциите.

Принцот Алберт (63) потврди дека неговата сопруга повеќе не е во Монако, и дека е на тајна локација каде ќе остане додека целосно не се опорави од заморот.

– Таа се чувствува подобро, но сè уште ѝ треба одмор и мир – рекол принцот Алберт за едно списание.

„Таа не е во Кнежеството, но ќе можеме да ја посетиме многу брзо. Не можам да ви кажам ништо повеќе. Има замор, не само физички, кој може да се лекува со одмор и следење – рекол Алберт.

Принцот додал дека нивните деца, шестгодишните близнаци Жак и Габриел, „страдале поради отсуството на нивната мајка“, но дека ги компензирал со тоа што повеќе им се посветил.

„За мене, тоа е мошне едноставно – мојот приоритет е моето семејство“, одговорил тој на прашањето на новинарите, дека жонглира со државните обврски и со оние околу децата.

„Ова е исклучително важен период во животот на моите деца – начинот на кој тие растат, го согледуваат светот. Ако едниот родител е отсутен поради здравствени причини, другиот родител мора да биде тука. Слушнав премногу пријатели и познаници како лелекаат велејќи дека требало да бидат повеќе со своите деца. Не сакам да се каам поради тоа“, рекол тој.

Принцот Алберт исто така рекол дека не го потресуваат гласината дека неговиот брак не е стабилен.

Принцезата Шарлин, далеку од Монако му ја честитала 10-годишнината од бракот на Алберт

Кнежеството Монако објави дека Шарлин нема да присуствува на одбележувањето на важен национален празник во петок.

Инаку, Шарлин пред да замине во Јужна Африка со месеци живеела во скромен стан над фабриката за чоколади, а не покрај сопругот во палатата.

Фото: Профимедиа

Приказните за нејзината лоша психичка состојба започнаа од моментот на нејзината венчавка со Алберт. Кога плачеше за време на целата свадбена церемонија, новинарите ја нарекоа – „најтажната принцеза на сите времиња“.

Итно префрлена во болница откако колабирала: Последната вест за „најтажната принцеза на светот“ ги загрижи сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот