Принцезата Шарлин, далеку од Монако му ја честитала 10-годишнината од бракот на Алберт
По повод 10-годишнината од бракот, која ќе биде одбележана следната недела, принцезата Шарлин испратила јавна честитка до нејзиниот сопруг, монегашкиот владетел принцот Алберт. Таа објавила видео на својот инстаграм-профил и му се заблагодарила што ѝ ги подарил децата, пренесува „Stil.kurir.rs“.
Само неколку часа откако објавила дека сè уште нема намера да се врати од родната Јужна Африка, па затоа нема да биде присутна во Монако следната недела за да ја одбележи важната годишнина, принцезата Шарлин му ја честитала на сопругот годишнината од бракот преку „Инстаграм“.
View this post on Instagram
43-годишната принцеза, наречена од многумина „најнесреќната европска принцеза“, последните месеци ги поминала во родната Јужна Африка, а во едно-минутното видео ги комбинирала најважните моменти од нивниот брак, вклучително и венчавката во 2011 година и раѓањето на нивните близнаци, принцезата Габриела и принцот Жак во 2014 година. Кратко и јасно напишала во описот: „Среќна годишнина Алберт. Ти благодарам што ме благослови со нашите прекрасни деца“.
Патем, пред да го објави ова, нејзиниот асистент за односи со јавност открил дека принцезата ќе го продолжи престојот во Јужна Африка најмногу затоа што во моментот не е во можност да патува, тврдејќи дека поминувала низ комплициран третман откако добила необична инфекција на увото, носот и грлото во септември.
View this post on Instagram
Принцезата не била видена во Монако од јануари, а децата ги видела кога принцот Алберт отишол со нив на кратка посета на почетокот на овој месец, што го открила таа на својот инстаграм – профил. Што точно се случува, не е јасно или познато, но принцот Алберт се однесувал дека апсолутно сè е во најдобар ред.
View this post on Instagram
„Оваа година ќе биде прв пат да не бидам со сопругот на нашата годишнина, што е многу тешко за мене и ме растажува. Но, Алберт и јас немавме друг избор освен да ги слушаме советите на лекарот, иако ни беше тешко. Тој беше неверојатна поддршка и секојдневните разговори со Алберт и децата ми помогнаа да останам расположена, иако неверојатно ми недостасуваат. Беше толку посебно што ме посетија во Јужна Африка и бев пресреќна. Едвај чекам сите повторно да бидеме заедно“, било напишано во официјалното соопштение.