Итно префрлена во болница откако колабирала: Последната вест за „најтажната принцеза на светот“ ги загрижи сите

Instagram
Фото: Инстаграм/ЕПА

Принцезата Шарлин од Монако (43) која беше итно хоспитализирана во Јужна Африка откако паднала во несвест, е во стабилна состојба, објавија нејзината фондација и монегашката палата.

Сопругата на принцот Алберт од Монако, била примена доцна во средата навечер под псевдоним во болница во Дурбан, откако се онесвестила во сместувањето каде што престојува веќе неколку месеци во Јужна Африка.

<p>Šarlin od Monaka već mesecima boravi u svojoj domovini, daleko od Monaka, a sada se njeno zdravstveno stanje pogoršalo i mnogi strepe.</p>

Фото: Профимедиа

Таа била „итно пренесена во болница со возило на брза помош во ноќта помеѓу средата и четвртокот, откако се онесвестила поради компликациите поврзани со тешката инфекција на увото, носот и грлото што ја добила во мај“, се појаснува во соопштението на нејзината фондација.

„Медицинскиот тим на принцезата спроведува анализи и прегледи, но таа е стабилна“, додала организацијата со седиште во Јужна Африка. Кабинетот на принцот Алберт, исто така, објави дека нејзината сегашна состојба е „смирувачка“.

Принцезата Шарлин имала операција минатиот месец, чии детали не се соопштуваат. Принцот Алберт и нивните деца биле покрај неа за време на нејзиното закрепнување.

„Лекарите сѐ уште се обидуваат да утврдат што точно се случило“, изјавила Шантел Витсток, директорка на фондацијата, за Франс прес, прецизирајќи дека до слабоста дошло во периодот на опоравувањето на принцезата од операцијата.

<p>Šarlin od Monaka već mesecima boravi u svojoj domovini, daleko od Monaka, a sada se njeno zdravstveno stanje pogoršalo i mnogi strepe.</p>

Фото: Профимедиа

Поранешната пливачка Шарлин Линет Витсток, родена 1978 година, се омажи за принцот Алберт од Монако во 2011 година.

Нивниот син Жак е наследник на престолот на династијата Грималди.

Меѓународниот печат неодамна пишуваше за нивниот можен развод или разделба, бидејќи принцезата веќе долго не престојува во Монако. Претходно, во медиумите се пишуваше и дека се обидела да побегне пред венчавката, но тоа палатата го демантираше.

Десетгодишнината од бракот меѓу принцезата Шарлин и принцот Алберт не беше прославена во кнежеството во јули поради нејзиното отсуство.

Шарлин од Монако веќе со месеци е во Јужна Африка, официјално за да се опорави од болеста, но медиумите пишуваат дека таа таму бара куќа.

Последен пат во јавноста со принцот Алберт се појавила во јануари.

Во август, таа на Инстаграм објави фотографија со сопругот и децата, близнаците Габриел и Жак.

Шарлин е родена во тогашна Родезија, денешен Зимбабве, а кога имала десет години, се преселила со своите родители во предградијата на Јоханесбург во Јужна Африка, каде што добила државјанство.

Пливањето наскоро станал нејзин начин на живот. Таа, меѓу другите, учествуваше на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година, а освои три златни медали на Светското првенство во 2002 година. Шарлин се повлече во 2007 година поради повреди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот