Никој не смее да го критикува Лукашенко, полицијата врши претрес во домовите на активистите

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Белоруската полиција врши претрес во домовите на активистите и адвокатите кои јавно го критикуваа претседателот Александар Лукашенко, велат од организациите за човекови права. 

Властите побараа да се затворат сите недржавни и критички настроени организации кои масовно ги критикуваа претседателските избори во Белорусија, тврдејќи дека се наместени и нелегални. 

Најголемата организација за заштита на човековите права, Виасна-96 соопшти дека полицијата прави претрес во домовите на нивните членови, пребарувајќи во нивните уреди. 555 лица од Вианса-96 се водат како политички затвореници во Белорусија. Полицијата и понатаму продолжува со апсењето на сите оние кои ги критикуваат политиките на Лукашенко.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот