Никогаш не го фрлајте веќе исцедениот лимон – Еве како можете да го употребите повторно!

Лимонот навистина е чудотворно овошје, а добро е познато дека има повеќратна примена.

Не само во исхраната, лимонот е феноменален и употреблив и во домаќинството, но и при негата на телото.

Добро се знае дека лимонот има многу ефектно влијание кога станува збор за чистењето во домот.

Сепак, многумина откако ќе го исцедат го фрлаат лимонот, но не правете го тоа, употребете го повеќекратно.

Лимонот многу добро делува кога станува збор за наслаги од бигор и каменец во садоперот, лабавото…. Лимонот поради својата киселина го топи каменецот, но има и антибактериско делување.

Исто така, откако ќе употребите некој лимон, можете да го искористите и за машината за садови. Оставете ги во неа половинките лимон и оставете мирисот да се развива во неа, така ќе го избегнете непријатниот мирис на валкани садови.

Со половинките од веќе исцедениот лимон можете да ја исчистите и микробрановата печка, така што ќе ги ставите во сад со вода и ќе ја вклучите печката на најсилна програма 2-3 минути. Потоа нечистотијата можете да ја пребришете само со крпа, не е потребно стругање.

Со веќе исцедениот лимон и лажица сол можете да ја исчистите и даската за сецкање, а притоа да бидете сигурни дека таа е целосно исчистена.

Лимонот може да ви помогне и при чистењето на кадата, така што неговото антибактериско дејство одлично ќе делува. Со половинките истријте ја кадата и оставете ја да отстои половина час, а потоа радувајте и се на белината и пријатниот мирис.

Лимонот е корисен и за убавината, веќе исцедениот лимон може да ви се најде и за вашето лице. Превртете го лимонот така што внатрешниот дел на половинката ќе дојде надвор, додадете шеќер на него и истријте го вашето лице. Ова е одличен пилинг за вашата кожа.

Истото можете да го примените и за пазувите доколку започнале да ви се создаваат темни кругови, за вашите лакти за да ја омекнете кожата или пак за петите.

Сосема едноставно, доколку сето ова ви е средено, намачкајте се со лимонот по вашето тело, можете и само на стапалата доколку кожата ви е чувствителна, оставете го телото преку кожата да го апсорбира витаминот Ц и потоа истуширајте се.

Лимонот е магично овошје, никогаш не го фрлајте пред целосно да го употребите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот