Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Американецот кој нападна полицаец во Градски парк, криел голема количина оружје во хотелската соба

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против Американецот со потекло од Нигерија, кој вчера нападна полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк.

-На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира. Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол „глок“ со калибар 9 мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол – соопшти Обвинителство.

Откако било утврдено дека странскиот државјанин престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбедил наредба за претрес и во собата во која престојувал осомничениот исто така било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол „глок“, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, УСБ и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои реална опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и сведоците и да ги прикрива доказите, како и опасност да изврши друго кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот