Ни експертите не можат да се согласат: Колку често треба да ги перете пижамите?

Фото: Publicdomainpictures

Пижами носиме минимум пет до шест часа во текот на ноќта, а се покриваме со ќебе или со покривка.

Познато е дека додека спиеме се потиме, а состојбата на пижамите зависи од чистотата на телото и постелнината.

Покрај сето ова, на пижамите може да се наталожат природни масла од телото и бактерии, па ако не ги перете редовно, последица ќе биде непријатниот мирис.

Експертите баш и не се согласни во мислењето колку често треба да се перат пижамите.

– Ако не сте истуриле млеко или сок непосредно пред спиење, ако не се потите многу и не носите пижами цел ден, можете да спиете во нив неколку ноќи по ред пред да ги исперете – вели Џени Ворни, директорка на компанијата за чистење „Моли Мејд“.

Спротивно на тоа, Крис Алберс, маркетинг директор во компанијата „Карбона“, која произведува средства за чистење, смета дека перењето треба почесто да се прави.

– Бидејќи во текот на ноќта поминувате во просек од седум до осум часа во пижами, треба да ги перете толку често колку и другите алишта што ги менувате на дневна основа – вели тој.

Мелиса Мејкер, авторка и основач на компанијата за чистење домаќинства „Клин мај спејс“, смета дека зачестеноста на перењето на пижамите зависи и од тоа дали ги носите како единствена облека за спиење или под неа носите и долна облека.

„Ако пижамите се единственото нешто што го носите за спиење, би требало да ги менувате секој ден. Ако под нив носите долна облека, треба да ги перете на секои два до три дена.“

Иако изгледа дека не можат да се согласат за оваа навидум едноставна работа, сите се согласуваат со следното: Ако сте склони кон ноќно потење, менувајте ги пижамите секојдневно, како и облеката што ја носите преку лето или онаа за вежбање, која исто така нема да ја носите два пати без перење.

– Кога одлучувате за тоа, размислете колку сте се потеле и колку пижамите биле во контакт со кожата – вели Гвен Вајтинг, ко-основач на компанијата „Лондрис“.

Имено, ако ги соблечете веднаш наутро и можете да ги оставите да се проветрат, веројатно би можеле да го носите неколку дена, пред ткаенината да ја впие потта и природните масла и бактерии од кожата, а ако ги носите цел ден, тогаш дефинитивно фрлете ги веднаш на перење.

Линдзи Бојд, ко-основач на истата компанија, верува дека ако се туширате секоја вечер пред да ги облечете пижамите, тогаш перењето може да го одложите за два до три дена, но под услов да не користите премногу млеко за тело.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот