НХЛ рекорд: Хокејар изиграл 990 меча во низа и не пропуштил ниеден од 2009 година

Кесел (81) EPA/CJ GUNTHER

Фил Кесел е наречен „железниот човек“ откако го изигра својот 990. меч во низа во НХЛ лигата, што е нов рекорд. На тој меч Кесел го постигна и својот 400. гол во кариерата

Фил Кесел, хокејар на Лас Вегас голден најтс постави нов рекорд во НХЛ, тој го изигра својот 990. меч во низа во оваа лига. Овој подвиг се случи на гостувањето на Вегас кај Сан Хозе и беше награден со овации од публиката.

Со други зборови Кесел нема паузирано ни на еден меч од регуларниот дел на сезоната во временски период од 3 ноември 2009 година, кога настапувал за Торонто.

Не само што прослави јубилеј, Кесел и постигна гол за Вегас на мечот со Сан Хозе шаркс. Тоа беше негов 400. гол во кариерата.

– Повеќе сакам да играм одошто да гледам. Во текот на кариерата има мечеви што мора да ги пропуштите. Но јас бев среќен да немам такви мечеви – изјави Кесел.

Честитка на Кесел му упати и Кит Јандл, поранешниот рекордер. Четири тима, дузини тренери, пандемијата на коронавирис, дури и раѓањето на неговото дете, ништо не можело да го спречи Кесел да се појави на теренот.

-Овој подвиг е неверојатен. Реткост е да видите играч да не пропушти меч во сезоната од 82 меча. Она што тој го направи е импресивно – изјави соиграчот Џек Ејхел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот