НФЛ лигата завиена во црно: Во сообраќајна несреќа загина квотербекот на Питсбург, Двејн Хескинс

Изборот од првата рунда на НФЛ драфтот во 2019 година, Двејн Хескинс загина во сообраќајна несреќа на Флорида.
Квотербекот на Питсбург стилерс, Двејн Хескинс (24) го загуби животот во сообраќајна несреќа кога во него удрил автомобил во Јужна Флорида, објавија медиумите во САД кои сè уште трагаат по деталите од несреќата што го зави во црно спортот во САД.
NFL quarterback Dwayne Haskins died this morning after he was struck by a car in South Florida
Haskins, 24, was a standout QB at Ohio State before being drafted in the 1st round in 2019 pic.twitter.com/sjK9m4pKPS
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 9, 2022
Хескинс се ноаѓал во Јужна Флорида на заеднички тренинзи со Мич Трубиски и Најџи Херис.
– Несреќата смрт на Двејн Хескинс ме остави без зборови. Тој стана дел од нашето семејство, веднаш штом пристигна во Питсбург и беше еден од најголемите „работинци“ на теренот. Двејн беше прекрасен соиграч и добар пријател со речиси сите играчи. Срцето ми е скршено – изјави Мајк Томлин, тренерот на Питсбург.
Двејн Хескинс во 2019 година беше избран од страна на Вашингтон на НФЛ драфтот, но беше разменет во Питсбург каде од следната сезона требаше да биде стартен квотербек на екипата по заминувањето во пензија на Бен Ротлисбергер.