Невреме во Грција: Трета жртва на циклонот „Јанос“

Фото: EPA-EFE/STR

Бројот на загинати во невремето „Јанос” што во четвртокот ја зафати Грција се зголеми на три лица, откако утрово беше пронајден мртов маж кој се водеше за исчезнат. Грчките медиуми, пак, јавуваат за сериозни материјални штети во делови од земјата од силниот ветар и обилниот дожд.

Штетите од медитеранскиот циклон што зад себе остави оштетени и уништени домови и продавници, како и поплавени улици, се пребројуваат на островите Кефалониа, Закинтос и Итаки и во градови од централна Грција, особено Кардица. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од почетокот на невремето во четвртокот вечерта, заклучно со рано утрово добиле 2.450 повици за помош. Притоа истакнаа дека интервенирале во спасување во 942 случаи во деловите зафатени со невремето, односно на островите во Јонското море, во западна и во централна Грција, во областа Тесалија, како во Коринт на Пелопонез.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во следните денови ќе го посети градот Кардица, што беше погоден од невремето. Циклонот доцна синоќа го погоди островот Крит, но полека се оддалечува од Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот