Невиден грабеж: Хакери украле криптовалути вредни 615 милиони долари

Хакери/ Фото: ЕПА

Компанијата Блокчејн Ронин денеска објави дека група хакери извлекле криптовалути во вредност од 615 милиони долари од нејзиниот систем, што ова го направи најголемиот грабеж од ваков вид во историјата.

На 23 март, неименувани хакери украле 173.600 етер токени и 25,5 милиони токени САД коини. Вкупната вредност на овие криптовалути моментално е 615 милиони долари.

Ронин дури денеска ја открил кражбата.

„Работиме директно со голем број владини агенции за да се осигураме дека криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, велат од компанијата фокусирана на видео игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот