„Нетфликс“ и „Сони“ ги откажуваат проектите со Вил Смит: Крис Рок продолжува да профитира

Крис Рок и Вил Смит
Крис Рок и Вил Смит за време на доделувањето на филмските награди Оскар / Фото: EPA

Некои од претстојните проекти на актерот Вил Смит се одложени или откажани поради инцидентот кој минатата недела се случи за време на Оскарите.

Актерот кој успеа да го сврти целиот свет против себе откако му удри шамар на комичарот Крис Рок за време на пренос во живо бидејќи се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, несомнено веќе ги чувствува последиците од своето однесување, пренесува „The Hollywood Reporter“.

Имено, набргу по неговото повлекување од Академија за филмски уметности и науки беше објавено дека идните проекти на кои требало да работи за „Netflix“ и „Sony“ ќе бидат одложени.

вил смит
Вил Смит / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Продукцискиот тим на „Netflix“ бил во потрага по нов режисер за филмот „Fast and Loose“ откако Дејвид Леитч се повлече од проектот непосредно пред Оскарите. Смит во истиот филм требаше да глуми шеф на мафија со проблеми со меморијата, но набргу по шамарот, стриминг сервисот ги промени плановите.

Крис Рок по шамарот на Оскарите заработува вртоглави суми благодарение на распродадените карти за неговата турнеја, а се шпекулира дека во моментот големи имиња се во трка за неговото прво интервју по инцидентот. Имено, комичарот бил преплавен со понуди за неговото прво интервју, меѓу кои и Опра Винфри и Елен Деџенерис.

крис рок
Крис Рок / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Многумина на социјалните мрежи коментираат дека неговата смирена рекација на ситуацијата придонела за раст на неговата популарност и дека благодарение на тоа заработува значителни суми. Неговата турнеја се распродаде неколку месеци однапред, а тимот на Крис Рок додаде повеќе датуми благодарение на зголемената побарувачка за неготиве настап.

Повеќе написи на темата:

 

Вил Смит поднесе оставка од Академијата: Подготвен е на сите последици кои следуваат

 

„Шамарот му ја крена цената“: Крис Рок профитира од скандалот на Оскарите

 

 

„Се плашеа дека Смит ќе направи нова сцена“: Што навистина се случило по инцидентот на Оскарите?

 

ФОТО | Мурал со шлаканицата на Вил Смит во Берлин

 

Академијата го замолила Вил Смит да ги напушти Оскарите по инцидетот: Тој одбил да го стори тоа

Крис Рок се огласи за шамарот од Вил Смит на Оскарите

 

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

 

ФОТО | Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шамарот

 

Крис Рок пред 13 години тврдеше дека никогаш нема да се потсмева со Вил Смит

 

ВИДЕО | Не му е прв испад: Вил Смит му удри шамар на новинар во 2012

 

Рики Џервејс се пошегува за скандалот на Оскарите: Таа има алопеција. Не е многу весело кај нив дома

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот